Седумте месингани канделабри кои беа украдени од паркот на градскиот кеј, во најскоро време ќе бидат заменети со нови, изјави за OhriidNews, Сашо Велјаноски-самостоен референт за осветлување при општина Охрид.

– Веднаш по пријавувањето просторот е обезбеден и исклучена е струјата, а во најбрз можен рок деновиве ќе бидат поставени нови светилки.-рече Велјаноски.
Кражбата е извршена деновиве во ноќните часови кога светилките биле вклучени  и под напон.  Се претпостатвува дека дрските разбојници имале специјални ракавици и опрема за демонтирање на канделабрите, кои не е исклучено по кражбата да биле однесени со чамец.

Охридската полиција работи на расветлување на случајот.

OhriidNews