Селекцијата на Украина ги запиша првите бодови во квалификациите за Европското првенство во Хрватска, совладувајќи го Исланд со 27-25 пред своите гледачи.


Со првата победа во квалификациите Украина ја израдува и Македонија која немаше добар настап ниту резултат на гостувањето во Чешка.

По два одиграни натпревари во групата четирите селекции имаат ист број на бодови и најверојатно гол разликата ќе одлучува за конечниот пласман по шесте мечеви.

Во третата рунда која ќе се одигра следната година Македонија ќе го пречека Исланд, а Украина ќе ги одмери силите со Чешка.

OhridNews