Евробаскетот што требаше да се одржи следната година во Украина ќе добие нов домаќин. Самата земја ја откажува организација поради тешката криза што ја зафати веќе неколку месеци.

– Сега ние имаме поголеми проблеми од кошарката. За да се организира Европското првенство во кошарка треба да се има план, а ние тоа моментално го немаме – рече министерот за Спорт, Маркијан Лубкивски.

Куќата на кошарката ФИБА ќе мора брзо да реагира и да назначи нов домаќин, кој на едно место ќе ги собере европските кошаркарски ѕвезди.

Единствена селекција која се пријавила за организација на Евробаскетот е репрезентацијата на Франција, која актуелен Европски првак.

Мх.П.