Украина се согласи на преговори во Гомел во Белорусија, а руската делегација ќе оди таму, изјави членoт на руската делегација Владимир Медински, јавија руски медиуми.

Медински рече дека руската делегација веќе имала намера да замине, но дека од украинската страна добила информација за потврда на преговорите.

Потврда за разговорите добивме околу 15 часот, разговорите ќе се одржат во регионот Гомел, како што предложивме, рече тој во руската амбасада во Минск.

Некои медиуми претходно објавија дека украинскиот претседател Влодимир Зеленски разговарал со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко, што набрзо го потврди и Зеленски на Фејсбук.

OhridNews