Премиерот на Украина Aлексeј Гончарук доставил писмена оставка по објавувањето на записи во кои тој го исмејува претседателот на државата Зелински дека „нема појма“од економија.

-Дојдов на оваа функција да ја спроведувам програмата на претседателот. Тој за мене претставува пример. – напишал меѓу другото на Фејсбук Гончарук.

Кабинетот на претседателот Зелински потврди дека ја добил оставката на премиерот и дека истата ќе биде разгледана.

OhridNews