
На состанокот на кој присуствуваше и заменик министерот за економија на Украина, Валериј Пјатницкиј, било договорено во јули да биде воспоставен чартер лет од Киев или Одеса до Скопје.
– Очекуваме да дојдат околу 300 украински туристи, а се разбира и македонски туристи и работници ќе можат да ги користат овие авионски линии, изјави вицепремиерот Старврески.
На состанокот станало збор и за можноста украински компании да инвестираат во македонскиот туризам преку изградба или купување на некој од постоечките хотели на охридската ривиера.











