Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „одземање на моторно возило”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 27-годишно лице од селото Грчец, општина Сарај.

– Казненото дело го извршил на 17-ти декември минатата година околу 09 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид. Откако забележал оставено патничко моторно возило  „Тојота Корола“ во погон и со вклучени четири трепкачи, пријавениот искористил згодна прилика, влегол во возилото и го одзел, го управувал и го користел за свои потреби. – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. 

По преземени оперативни и други мерки, истиот ден, патничкиот автомобил е пронајден на локалниот пат од селото Дрмени кон Ресен. По извршена криминалистичко-техничка обработка, автомобилот е предаден на соственикот од Охрид.

Со извршувањето на казненото дело, пријавениот предизвикал материјална штета од околу 1.000.000 денари, соопшти полицијата.

OhridNews