Само неколку часа откако украле шест компјутери и нов лаптоп во Сан Бернандино во Калифорнија, гангстерите се премислиле и го вратиле украденото откако сфатиле дека припаѓаат на центарот за помош на жртвите од силување, а отишле и чекор натаму оставајќи и порака со извинување, јавува CNN, пренесува „Макфакс“.

„Бев во недоумица. Уште сме во шок.  Тоа е лудо“, вели Сенди Стејлингс, раководителка на Службата за помош на жртвите од сексуални напади во Сан Бернандино.

Стејлингс на 31-ви јули доцна навечер ја повикала компанијата за обезбедување за да ги информира дека е забележано движење во канцеларијата на организацијата, како и дека полицијата е на пат. Кога стигнала на местото на злосторството, полицијата ѝ рекла дека крадците влегле преку отвор на покривот. Земајќи ги компјутерите тие ја оштетиле организацијата за 5.000 долари.

„Беше многу поразително. Мислев дека од тоа никогаш нема да се опоравиме… Секој компјутер што го имаме е многу важно за нашата работа“, вели Стејлингс.

Откако полицијата зивршила увид, таа се вратила дома и се обидела да заспие, Неколку ласа подоцна забележала уште еден повик. Овојпат од полицијата од Сан Бернандино која ѝ соопштила дека е забележана нова сомнителна активност во зградата.

Стејлинг побрзала назад во канцеларијата и наишла на нешто што ниту таа ниту полицијата го очекувале. Провалниците се вратиле назад во канцеларијата, вратиле сѐ што претходно однеле со себе и оставиле порака.

„Не знаевме што земаме. Еве ви ги назад вашите работи, се надеваме дека ќе можете и натаму да правите разлика во животите на луѓето. Господ да ве благослови“, пишувало во пораката.

Кога Стејлингс ја прочитала пораката ја минале морници. „Тоа е неверојатно. Дури и денес е неверојатно.  Воден момент сз исчезна а следнито се беше вратено“, вел.

Дури и највозрасните полицајци во Сан Бернандино велат дека првпат во кариерата биле сведоци дека некој сторил криминал и потоа да го врати украденото оставајќи порака.

Стејлингс планира да ја урами пораката во својата канцеларија „Ќе ја гледаме секој ден. Никогаш не знаете како ќе трогнете некого и ќе го промените неговиот живот“, вели таа.

Во меѓувреме сега веќе славната порака на крадците привлече многу внимание за оваа непрофитна организација на којашто сега и се обраќаат се поголем број жртви на сексуални напади, но и донатори.

OhridNews
извор:„Макфакс“