По повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, екипи на ЈП Охридски Комуналец градскиот плоштад го украсија со велигденски јајца.

Заедно со нашите најмали и најмили сограѓани пред Велигден го украсивме градскиот парк. Со едукативна и симболична акција пред големиот христијански празник Велигден, со дечињата од градинките и основните училишта, ги украсивме дрвјата и украсните садници во градскиот парк, велат од претпријатието.

Додаваат дека нема поголемо задоволство од среќна детска насмевка и успешна соработка со идните генерации.

 

OhridNews