Поради закажаните концерти на просторот на поранешната касарна во Охрид,од денес до 03.08.2021 година, за сообраќај на моторни возила ќе биде затворена улицата што поминува низ касарната информираат од СВР Охрид.

СВР Охрид, за време на концертите, на кои се очекува поголем број на посетители, ќе спроведува безбедносни мерки со цел спречување на нарушувања на јавниот ред и мир или други казнени дела. Во таа насока, остварени се контакти со надлежните организатори на овие настани и дадени се јасни насоки за нивно целосно придржување до предвидените обврски.

Oд СВР Охрид апелираат до  граѓаните, во деновите на продолжениот викенд кога во Охрид се очекува зголемен број на туристи,   да ги почитуваат насоките и укажувањата на полициските службеници со цел задржување на поволната безбедносна состојба во јавниот ред и мир и во сообраќајот

 

OhridNews