Учениците од средното музичко училиште „Тодор Скаловски- Тетоец“  го одржаа вториот по ред предновогодишен уличен концерт. Со бројните музички изведби   на отворено, на терасата од хотел „Београд“ тие  го привлекоја вниманието на стружани, но и бројните гости кои престојуваат во градот по повод новогодишните и божикните празници.


Како што изјавија од училиштето со овој концерт сакаат да покажат дека ова училиште постои во Струга и дека во него секоја година се школуваат голем број талентирани млади луѓе.


Ветуваат дека уличниот концерт ќе се одржува традиционално, секоја година.Во неговата организација беа вклучени најголемиот број ученици, дел од нив со свој настап, а останатите во организацијата и подготовките.

OhridNews