Екипите на Јавното претпријатие „Нискоградба“, денес ги започнаа градежните активности за поставување на атмосферска канализација, на улицата „Карпош Војвода“. Од општина Охрид информираат дека цевководот ќе биде со ширина Ф-200 и ќе има должина од околу 20 метри. Планирано е да бидат поставени две шахти кои ќе бидат покриени со лиено железна решетка – сливници.
На овoј дел од улицата, поради недостаток на инсталации за атмосферска канализација, години наназад, во текот на врнежливите денови се собираше вода, која им предизвикуваше проблеми на жителите и минувачите.
OhridNews