Диви депонии никнуваат во Охрид. Ако до неодамна несовесните граѓани ги загадуваа претежно местата во предградијата и околината, сега шутот и најразличен друг отпад може да се сретне покрај улиците во градот. Екипата на Ohridnews беше сведок како несовесен граѓанин со камион одлага шут на улицата „Распаќе“ во близина на спојот со булеварот „Туристичка“. Штом забележа дека се фотографира, камионџијата со голема брзина се оддалечи од местото каде веќе никна дива депонија.
ул. „Распаќе“ се претвора во депонија
Слични диви депониии има на повеќе локации во околината на Охрид. Несовесните граѓани за да не платат, наместо на специјализираната депонијата за шут во Мауцкер, отпадот го одлагаат кај ќе стигнат. Од Комуналната инспекција велат дека се немоќни да се справат со проблемот зошто немаат можност да изрекуваат мандатни казни, а поднесените прекршочни пријави заглавуваат во судските лавиринти. И додека надлежните собираат рамења, диви депонии почнаа да никнуваат и во градот.
На 18092026 во 19:50 часот, на кружниот тек од булеварот „Туристичка“ со улицата „Абас Емин“ во Охрид, лишено од слобода е 41-годишно лице од Охрид, кој управувајќи патничко возило „бмв“ со охридск...
Промоција на здрави животни навики, спортот, грижата за оралното здравје, но и многу забава и бројни награди приреди денешната 19-та по ред традиционална хуманитарна и спортско-рекреативна акција „...
Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од К...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.