Жители од Далјан се жалат дека речиси шест месеци улиците во населбата се раскопани. Како што велат, иако завршиле активности за поставување на атмосферската канализација, улиците и понатаму не се вратени во првобитна состојба, поради што се соочуваат со низа проблеми особено кога има врнежи од дожд.

Има дупки длабоки и по 20 сантиметри, ги искршивме автомобилите. Кога врне дупките се полнат со вода, не се приметуваат па доаѓа до бројни оштетувања на возилата, велат тие.

Од локалната самоуправа со ветување дека улиците уште идната недела ќе бидат асфалтирани.

Станува збор за проектот за реконструкција на улиците во Далјан. Согласно програмата за работа на улиците „ Сатеска“, „  Трајче Трајчески“  и „ Мича Гилиќ“ се изврши поставување на атмосферска канализација, се уредуваат тротоарите ,останува уште да се асфалтира дел од улицата „ Трајче Трајчески“ и „ Сатеска“, вели Љупчо Танески од Секторот за комунални дејности.

OhridNews