Ј.П. “Охридски комуналец” Охрид деновиве интензивно работи на расчистување на улиците од снег. Ангажирани се двете специјални машини со кои располага и возила во кои се товари снегот. Покрај тоа ангажирани се и сите работници од “Јавна Хигиена” и “Паркови изеленило” за рачно товарање на снегот. Чаршијата е целосно исчистена, се чистат раскрсниците кај “Охридска банка”,”Мини Маркет”, а се товари снегот пред градскиот пазар.

“Охридски комуналец” ќе продолжи со интензивно чистење и во наредните денови, информираат од јавното претпријатие.


Улиците во градот интензивно се чистат

OhridNews