Екипите за зимско одржување на улици и патишта при ЈП Комуналец веќе се на терен чистејќи го снегот од улиците. Како што информира директорот на ЈП Комуналец, Сашо Алчев, во чистењето се вклучени три камиони, два трактори со ризла и сол, додека пак со рачни машини се чисти и снегот од тротоарите. За два часа се очекува да бидат исчистени сите улици во градот.
Активностите ќе продолжат зависно од интензитетот на врнежите од снег во текот на целиот ден.