Вкупно 33 рибарски мрежи запленила полицијата вчеравечер во водите на Охридското Езеро, наспроти струшкото село Калишта.

Според Соопштението на МВР во мрежите кои биле пронајдени околу 21 часот, имало улов од 4 парчиња клен и 3 парчиња белвица.

Риболовниот алат бил донесен во полицијата, а рибите со записник за предавање на предмети, биле  предадени на АД Инекс-Горица Охрид.

OhridNews