СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица од Охрид на возраст од 25 и 22 години, двајцата од Охрид за сторено кривично дело „незаконит риболов“. На 24.11.2011 година, во Охрид на место викано „Сараиште“ во водите на Охридското езеро, од страна на полициски службеници пријавените биле  затекнати како ловат риби во период кога има забрана за риболов, а при извршен претрес во чамецот пронајдени се околу 72 парчиња разновидна риба.

СВР Охрид поднесе кривична пријава и против две лица од Пештани-охридско за сторено кривично дело „незаконит риболов“. На 25.11.2011 година, околу 18,30 часот,  кај с.Пештани од страна на полициски службеници тие биле  забележани со мрежи во Охридското Езеро во време на забрана на риболов, а при извршен преглед од чамецот одземени се 12 парчиња риба.

OhridNews