Марио Гетце за 37 милиони евра по завршување на сезоната ќе се пресели од Борусија Дортмунд во Баерн Минхен. Ваквата вест силно ги погоди “ултрасите“ на “милионерите“ кои веднаш почнаа да го напаѓаат Германецот и палат неговиот дрес.

Навивичите на Дортмунд не се задоволија со толку и на денешниот натпревар со Реал Мадрид во 1/2 финалето од Лигата на Шампиони ќе му приредат “пеколен“ пречек.

Гетце деновиве низ Дортмунд го чува полиција за да не дојде до некоја блиска средба, а така ќе биде до крајот на сезоната кога ќе ги спакува куферите и ќе замине во Минхен.

Мх.П.