
Вечерва во 22 часот на Антички театар е закажан Гала оперски концерт со уметниците на УНЕСКО.
 
 
Баритонот Борис Трајанов го изрази задоволството што вечерва ќе настапи со светски познатата Мула, за која што рече дека е и прекрасна личност, но не можеше да ја сокрие радоста што деновиве во Македонија се сретнал со неговата професорка, поранешната оперска дива, Бисерка Цвеиќ. ” Одамна не сум имал трема, но таа се појави токму вчера кога на пробата во редот на гледачите седеше мојата професорка”, изјави Трајанов. Бисерка Цвеиќ, кај која од Македонија, покрај Борис Трајанов,  оперското пеење го совладувал и басот Александар Стефаноски кажа оти Трајанов комплетно ја исполнил нејзината замисла и очекувањата од него да произлезе светски признато музичко име. 
 
Инва Мула, Борис Трајанов и Александар Стефаноски вечерва ќе настапат со Македонската филхармонија и италијанскиот диригент Франческо Роза. 
А.Р.
					



							






