На туристите кои престојуваат во градот, ќе им биде ускратено задоволството шетајќи по градскиот кеј и чаршијата да можат да разгледуваат и купуваат  слики и изработени портрети, затоа што во годинешната програма за поставување урбана опрема, не е предвидено и поставување на тезги на кои тие ќе можат да бидат изложени , забележуваат уметниците .


–    Со тоа, уметниците  законски не можат да работат,односно да цртаат и ги продаваат своите дела на отворено како што е во сите познати градови низ светот, кои се посетени од голем број туристи. Охрид наместо да ги привлекува уметниците, станува град кој се бори против уметноста, велат  тие.

Од локалната самоуправа признаваат дека годинава, поради краткиот временски период во кој се изработувала програмата за поставување урбана опрема, бил направен пропуст во одонос на тезгите на кои би се продавале уметнички слики.


–    И покрај тоа лицата кои изработуваат портрети и воопшто уметнички слики можат да ги изложуваат своите дела и продаваат на просторот во градската чаршија, кај градскиот Амам, каде подолг период се продаваат вакви предмети. Пропустот верувам ќе биде поправен идната година, кога при изработувањето на програмата ќе биде земено во предвид  барањето на уметниците, вели портпаролот на локалната самоуправа, Томе Џамтоски. 

Т.К.