Во галеријата на Куќата на Робевци синоќа беше отворена втората по ред Изложба на икони од современи охридски зографи.

Со свои дела се претставија уметниците Владислав Коцарев, Јане Бакрески, Ванчо Димоски, Сашо Блажески, Александар  Патчев, Драган Ристески, Ванчо Димоски, Ѓорѓи Крстески, Цветлана Кочоска, Марија Мешкоска, Ели Аиноска Христовска и Илија Шапкароски,  како како современи зографи кои преку новите дела во иконопис го оставаат својот печат на една вонвременска уметност.


Како што истакна кустос Никола Николоски, вората изложба се посветува на технологијата на создавање на оваа ликовна дисциплина, осврнувајќи се на самиот начин на изработка на иконите.

Сликањето на икони се одвива по строги правила кои биле напишани во посебни ракописи, таканаречени ермении кои љубоморно се чувале и се предавале од поколение на поколение.

Интересно е што секој автор ги запазува тие правила на изработка , но притоа внесува нешто лично. Се разликува рамката, изборот на детали, нивното нагласување. Талентот на секој сликар доаѓа до израз преку неговиот осет за ликовност, бидејќи некој може да работи според сите правила, но иконата да нема живост, затоа уметникот е тој што мора да има осет за ликовна вредност и тоа да го пренесе на иконата, вели м- р Владислав Коцарев, еден од учесниците на изложбата.


Се стремиме кон средновековен стил на изработка. Точно треба да се знае што може да содржи иконата и притоа не треба да се игра со ваков вид на уметност, односно да се навлезе во сосема некој друг вид на уметност, што потоа би било осудувано, истакнува м- р Илија Шапкарески.


И учесниците и организаторите се надеваат дека Изложбата на икони од современи  зографи ќе премине во традиција, секоја година со поголем број изложени дела од поголем број автори.

Изложбата се одржува во организација на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј- Охрид.

OhridNews