Shilla cofee & bar

Од 17.12.2019 - 20:00 до 17.12.2019 - 21:00

Членовите на литературниот клуб „Григор Прличев“ од Охрид, во вторник, 17. декември, во кафе и бар „Шила“ организираат културен настан „Уметноста на оваа дата“.

Настанот ќе обедини неколку рубрики, кои се поврзани со датата 17. декември. Ќе има мигови посветени на познати македонски и светски личности, кои дале свој придонес во развојот на различни видови уметност, краток осврт кон нивниот лик и дело, додека учесниците ќе се претстават и со свои дела, исто така во духот на темата на настанот.

Станува збор за случајно одбрана дата од тековниот месец, со надеж дека серијалот на овој вид настани ќе продолжи и во наредниот период. За посетителите ќе биде вистинско уживање забавниот, но и едукативниот карактер на презентирање на уметничките дострели во еден конкретен ден, но навраќајќи се години, децении, па и векови наназад во историјата.

Целта е да се збогати понудата од културни случувања на локално ниво. Уметноста која, за жал е ставена на маргините на современото општествено живеење, организаторите на овој настан, се надеваат дека ќе ја приближат до публиката на еден поинаков начин, ќе се поттикнат граѓаните да истражуваат и да се едуцираат за уметничките вредности, како и да се стекне навика во заедницата, да се дава поддршка на уметниците од нашето секојдневие, велат организаторите.

Настанот ќе се одржи во кафе и бар „Шила“, вторник во 20 часот.

OhridNews