Унијата на млади сили при општинската ВМРО- ДПМНЕ се одзва на апелот на Црвениот крст за донирање топла облека и прекривки.

Денес во просториите на општинскиот Црвен крст, од страна на младите при општинската ВМРО- ДПМНЕ,  беа донесени неколку пакети со донација за социјално загрозените семејства.


– Веднаш по апелот на Црвениот крст организиравме хуманитарна акција која успешно беше реализирана. Собрани се облека и прекривки со кои се надеваме дека ќе им помогнеме на оние на кои помшта им е најнеопходна. И понатаму продолжуваме со организирањето на хуманитарни акции, рече претседателот на УМС  при ВМРО- ДПМНЕ- Охрид, Сашо Донев.


Од општинскиот Црвен крст изразиија задоволство од досегашниот одзив на нивниот апел.

– Голем број граѓани донираа половен текстил кој е наменет за социјално загрозените семејства. И оваа донација во што пократок период ќе биде доставена до оние на кои им е потребна. Деновиве кај нас се обратија и голем број граѓани на кои им е неопходна храна и лекови, па затоа би сакал да упатам апел и до маркетите и аптеките, доколку се во можност да донираат и вакви производи, нагласи Антонио Додевски од општинскиот Црвен крст.


OhridNews