Ова не е прво априлска шега,ова е пред првоаприлска реалност. Денес конечно беше пуштена во употеба првата катна гаража во Охрид. На овој начин решивме да го потсетуваме градоначалникот Александар Петрески за неговите седумгодишни ветувања, изјавија од Унијата на млади сили при општинската ВМРО- ДПМНЕ.


– Тој самиот ветуваше дека на ова место ќе биде изградена катна гаража и конечно ќе биде решен проблемот со паркирањето. Очигледно е дека приоритет за овој градоначалник и оваа локална власт е градењето на згради, бидејќи така го разбираат јавниот интерес, односно интересот на неколкумина околу градоначалникот,  велат од УМС на ВМРО- ДПМНЕ- Охрид.


Тие упатија прашање до градоначалникот- до кога граѓаните на Охрид ќе мораат да ги паркираат своите автомобили на и така малиот број зелени површини и импровизираните игралишта за младите и до кога јавниот интерес ќе го изедначува со интересот на малкумина околу него.

OhridNews