УНЕСКО денеска соопшти дека усвоиле прв меѓународен документ за етика на вештачката интелигенција (ВИ) за регулирање на револуционерните технологии кои, и покрај многуте придобивки, носат и големи опасности за општеството.

Технологиите на вештачката интелигенција можат да донесат големи придобивки за човештвото и сите земји можат да имаат корист од нив, но во исто време ги покренуваат основните етички прашања, се посочува во воведот во препораката од 28 страници, ратификувана од 193 земји-членки на УНЕСКО.

Треба да се обезбеди транспарентност и разбирливост на работењето на алгоритмите и податоците од кои тие се изведени“, бидејќи тие можат да влијаат на човековите права и основните слободи, родовата еднаквост и демократијата“, велат од меѓународната организација со седиште во Париз.

Препораката на УНЕСКО, резултат на работата кон која се пристапи во 2018 година, ги истакнува вредностите – почитување, заштита и унапредување на човековите права, различност и инклузивност, промоција на мирно општество и животна средина  на кои Земјите членки се обврзуваат.

Во неа се и задачите што мора да ги исполнат потписниците, особено законодавниот механизам за регулирање и надзор на вештачката интелигенција, за „гаранција за целосна безбедност на личните и чувствителни податоци и за едукација на граѓаните на таа тема.

 

OhridNews