Во организација на Институтот за развој на заедницата од Тетово и Фондацијата „Фридрих Еберт“ вчера во хотелот Десарет  заврши четиридневната Национална младинска конференција „Заеднички визии 2012 “.

Млади од цела Македонија дебатираа за предизвиците и предностите кои произлегуваат од можноста да живеат во мултикултурна околина,  да го зголемат меѓуетничкиот и меѓурелигискиот дијалог што е од огромно значење за Македонија заради етничката, културната и религиската разноликост која што постои во земјата. Тоа би  резултирало  со подобар и помирен соживот помеѓу младите  во Македонија. На конференцијата се зборуваше и за тоа како да се  зајакнат капацитетите на младите луѓе во насока на застапување на нивните ставови преку користење на нови медиуми и социјални мрежи.

На третатата Национална конференција „Заеднички визии – 2012 “ активно учество зедоа и претставниците на Локалниот клуб на УНЕСКО при Здружението КУЛТ ДАМ од Охрид : Славчо Маленкоски и Климчо Ангелоски.

На маргините на конференцијата за „ Местото, значењето и улогата на УНЕСКО клубовите во светот “ говореше Лидија Топузовска од Националната комисија на УНЕСКО . Претставници  на неколку од вкупно 16 клубови на УНЕСКО во Македонија , меѓу кои и Милчо Јованоски претседател на Здружението КУЛТ ДАМ  разговараа со Топузовска  за идните заеднички потфати, вмрежувањето со инцијатива наскоро  заеднички да формираат Национална федерација на УНЕСКО клубови .  

OhridNews