Брзата урбанизација на Охрид како и често неодговорниот однос кон богатото културно и историско наследство, можат да педизвикаат посериозни проблеми во чувувањето на она што бројните генерации го граделе, а природата богато подарила. Ова, меѓудругото беше истакнато на денес започнатата тридневна работилница во Охрид, каде и се расправа за проектот за заштита на природното и културно наследство на Охридскиот регион. На собирот ќе се утврдат конкретни планови за делување во остварувањето на тригодишниот проект кој е во тек, а негова финализација се очекува почетокот на 2014 година.
Според проектниот координаор на СУСТКУЛТ и соработник за туризам во општина Охрид, Габриела Милошоска – се работи за интензивна работилница за заштита на културното наследство, заедно со лидер партнерот на проектот од Венеција.
Во тридневната работилница учествува и советникот во ИКОМОС-центар за културно наследство чие седиште е во Париз, Катри Лиситзин. На новинарското прашање -дали за Охрид постои опасност да биде избришан од листата на УНЕСКО, Лиситзин не одговори конкретно, но напомена: -Постои брз урбанистички развој на градот и сите треба да се грижат за да се заштити културното и природното наследство. Ако граѓаните,туристите и надлежните се одговорни кон Охрид, тогаш и ние ќе го чуваме.-рече Лиситзин.
Инаку во проектот, покрај се вклучени Венеција, Крф, и Берат.