Градоначалникот, Константин Георгиески, вчера оствари протоколарна средба со Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Кејт Мари Брнз, која беше во втора официјална посета на Општина Охрид.
На средбата се разговарало за активностите кои општината ги презеде во текот на изминатиот период, во делот на почитување на законските прописи, исполнување на препораките на УНЕСКО, имплементација на Планот за управување со светското природно и културно наследство како и за претстојната сесија на Комитетот на УНЕСКО, на која треба да се донесе конечна одлука за Охридскиот регион.
Градоначалникот ја информираше амбасадорката за процесот за отстранување на бесправните градби, активностите за уредување на крајбежјето и подготовка на плажите во пресрет на туристичката сезона. Исто така, се разговараше и за идните планови за управување и стопанисување со брегот на Охридското Езеро. Амбасадорката Брзн уште еднаш ја потенцираше нејзината поддршка на заложбите и посветноста на локалната и централната власт за зачувување универзалните вредности и уникатните аспекти на регионот. – соопшти општинската прес служба.

OhridNews













