Унгарскиот судија Виктор Касаи ќе го води финалниот натпревар од Лигата на Шампионите меѓу Барселона и Манчестер Јунајтед, кој в сабота се игра на Вембли, негови помошници ќе бидат Габор Ерош и Дорд Ринг.


Касаи кој важи за наследник на легендарниот унгарски судија Шандор Пул, со знакот на ФИФА суди од 2007-та година. На светското првенство минатата година Касаи судеше четири натпревари, вклучувајќи го полуфиналето меѓу Германија и Шпанија, кое го доби “фуријата“ со голот на Пујол.

Сезонава унгарецот им “судеше“ на “ѓаволите“ во мечот против Валенсија во Шпанија кој заврши со минимална победа од 1-0 , благодарение на голот на Чичарито.

Виктор Касаи е само вториот унгарски судија кој добива можност да ја дели фудбалската правда на финале на големи турнир. Легендарниор Шандор Пул, го водеше финалето на СП 1994 година во САД, меѓу Италија и Бразил кое заврши со победа на кариоките на пенали.

Ohridnews