Македонската кошаркарска репрезентација не дозволи изненадување и со убедливи  78-44 ја совлада репрезентацијата на Унгарија во вториот натпревар од квалификациите за ЕП 2011 г. во Литванија.


Црвено – жолтите не оставија ништо на случајност и уште во првиот период притиснаа и го скршија отопрот на Унгарците. Како одминуваше времето така домаќините го полнеа кошот на неконукурентните унгарци.

 – Натпреварот беше решен во првиот период, апелирав да бидеме претпазливи бидејќи секое потценување можеше скапо да не чини. Ние почнавме агресивно , тоа ги збуни гостите кои мислам дека потклекнаа пред оваа публика. Кога увидоа унгарците со кого имаат работа – беше многу полесно – рече селекторот Марин Докузоваки по завршувањето на мечот.

Најпрецизен во нашиот тим беше Гечевски со 17 поени, Соколов уфрли 15, додека Антиќ 14. Грин со шест асистенции беше најдобриот додавач во составот на Докузовски.

Во наредото трето коло в недела ќе гостуваме во Њукасл на Велика Британија.

М.П.