Селекцијата на Унгарија е новиот светски првак во ватерпол. Унгарските ватерполисти во финалето ја совладаа репрезентацијата на Црна Гора со 8-7 и се закитија со златниот медал.

Водството во финалето се менуваше, а клучниот погодок унгарските ватерполисти го постигнаа 19 секунди пред крајот на мечот што значеше победа.

Во „малото финале“ Хрватска со 10-8 триумфираше против Италија и го освои утешното четврто место.

Мх.П.