Македонските ракометари до 21 година против селекцијата на Унгарија во борбата за петтата позиција ќе го одиграат последниот натпревар на Мундијалот во Алжир.
Пулените на Илија Темелковски во плејоф натпреварот за борбата за петтата позиција ја совладаа Русија со 36-27. Ова е втора победа за „црвено жолтите“ над русите, откако прв пат беа поуспешни во групната фаза.
Младите ракометари покажаа карактер и квалитетот во натпреварот со „зборнајата“. Мечот го започнаа без Крстевски и Арсеновски, но со голема желба за победа, што резултираше со предност од девет голот на полувремето (20-11). До финишот на мечот ја задржаа предноста и забележа победа.
Со седум голови се истакна Филип Кузманоски, по шест реализираа Давор Палевски и Мартин Велковски, додека голманот Мартин Томоски запиша 11 интервенции.
OhridNews