Унгарската полиција соопшти дека е уапсен капетанот на крузерот кој учествуваше во несреќата на Дунав во која загинаа најмалку седум јужнокорејски туристи.

Се работи за 64-годишен украински државјанин идентификуван како Ц. Јури од Одеса, а е уапсен поради немарност при сообраќајно управување на вода, што довело до масовна загуба на човечки животи, соопшти полицијата, пренесе „Ројтерс“.

Унгарската спасувачка служба синоќа соопшти дека се мали шансите да бидат пронајдени уште преживеани по сударот на двата брода во Дунав, во центарот на Будимпешта, каде седум лица загинаа, а 21 се водат за исчезнати.