Левите бекови, Андреа Пенезиќ и Татјана Хмирова кариерата ќе ја продолжат во унгарскиот клуб Шиофок. Двете ракометарки го продолжуваат трендот на заминување од Вардар кој следната сезона ќе има комплетно нов изглед.
– Долго размислував што после Вардар. Да ја прекинам кариерата и да се посветам на други работи во животот или да одигра уште една-две сезони. Од многуте понуди, онаа на Шиофок беше најдобра и ја прифатив и го одложив моето повлекување. – изјави Пенезиќ.
Најсимпатичната ракометарка во тимот на Вардар, Хмирова заминува од Скопје после пет години верност на „црвено црниот“ дрес. – Заминувам после пет прекрасни години поминати во Вардар. Дојде време за нов предизвик, а мислам дека тимот на Шиофок е вистински за мене и за Пенезиќ. Сакам да се натпреварувам во поквалитетна лига и да играм дерби мечеви секој викенд. Имав успех во мојот матичен клуб и Вардар и сакам тој тренд да го продолжам во Шиофок. – потенцираше Русинката.
Заминувањата од Вардар после завршување на оваа сезона ги официјализираа Андреа Лекиќ, Јованка Радичевиќ, Драгана Цвијиќ, Александра Лакребре, Амандин Лејно и Сара Ристовска.
OhridNews