Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски денеска Оствари протоколарна средба со амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија, Н.Е Ласло Иштван Дукс. Станува збор за прва средба со унгарскиот амбасадор, на која се разговараше за успешната билатерална соработка помеѓу Унгарија и Македонија, како и за продолжување на соработката со општина Охрид.

Двете страни разговараа за можностите во Охрид да се организира бизнис форум на кој ќе учествуваат претставници на мали и средни претпријатија. Беа разменети и мислења околу соработката во делот на туризмот и можностите да се инвестира во Охрид.

Амбасадата на Р. Унгарија во Р. Македонија, денес, донира дел од својот книжен фонд за НУ Библиотека „Григор Прличев“.

OhridNews