Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ преку соопштение реагира на последната изјава и предлог-идеја на министерот за здравство Венко Филипче за можно ангажирање на учениците од четврта година од средномедицинските училишта во ковид центрите како помош на медицинскиот кадар.
Ваквата идеја не е безбедна за учениците. Во еден ваков период кога се носат мерки за зачувување на здравјето на учениците и се препорачува он-лајн настава со цел да се намали трансмисијата во училишните клупи не е соодветна идејата малолетни ученици и недоусовршен кадар од средномедицинските училишта да биде впуштен директно во најголемите жаришта на оваа пандемија. Ние, професионалците од сестринската професија сметаме дека ризикот е многу голем, стои во реакцијата на Унијата.

Учениците ако се заразат можеби ќе поминат асиптоматски, но што е со нивните најблиски? Ако е ова решение недовршени кадри да не надополнуваат ги имаме четирите високо образовни институции за идните дипломирани медицински сестри кои барем се полнолетни, додаваат од извршниот одбор на Унијата.
OhridNews











