Унифицирани дрвени куќички ќе ги заменат тезгите во манстирскиот комплекс Св. Наум, со кој стопанисува Дебарско – кичевската епархија. На влезот изградена е камена порта, а во внатрешноста поставени се дел од продажните куќички.

Неодамна беше изграден санитарен јазол, но се’ уште системски не е решен проблемот со одведување на фекалните води од комплексот. Според најавите ова прашање треба да се реши со изградба на мини пречистителна станица.

Со цел хортикултурно уредување на просторот кој се наоѓа во заштитената зона на Националниот парк Галичица, исечени се повеќе стари дрвја, но останува да се надеваме дека на нивно место ќе бидат засадени нови.

OhridNews
фото:Емилио