На годишното собрание присуствуваа претседателот на ВМРО – Народна партија, Марјан Додовски, како и членови на Извршниот комитет на ВМРО – Народна партија. Присутните беа поздравени од страна на претседателот на ОК на ВМРО – Народна партија – Охрид, Ванчо Костовски, кој направи ретроспектива на УМС од нејзиното основање во 90 – те години па се до денес.
Претседателот на ВМРО – Народна партија, Марјан Додовски, кој ја поздрави работата на УМС на ВМРО – Народна партија, истакна дека ВМРО – Народна партија ќе биде таа која ќе ја формира идната влада на Република Македонија, а господинот Љубчо Георгиевски ќе биде нејзин мандатар.
На крајот свое обраќање имаше Филип Јовановски, претседател на УМС на ВМРО – Народна партија.
– Во денешно време секој човек треба да биде прагматичен во своето живеење. Таа прагматичност за нас како млади сили мора да биде водител во нашето политичко делување и ангажирање. Ние мора да бидеме заинтересирани за квалитетот на нашето живеење, а тој квалитет зависи токму од нас самите. Нашиот избор, нашите одлуки подоцна се рефлектирааат во нашето секојдневие и токму затоа мора да учествуваме во креирањето на нашата иднина, истакна во својот говор Јованоски.