Унија на млади сили на ВМРО-Народна партија преку соопштение изрази загриженост во однос на последните случувања со инцидентите во кои главна улога имаат млади луѓе.

„Упатуваме остра реакција но и апел до сите релевантни институции да превземат навремени мерки за да не дојде до заострување на безбедносната состојба и не се повторат инцидентите од пред неколку години кога скоро секој ден имаше по неколку случаеви на напади врз и помеѓу младите луѓе.
Не сакаме ниту да помислиме дека сите овие инциденти се плод на нечија режија и сценарио за одвлекување на вниманието во пресрет на последните случувања околу политичката криза во Македонија.“ – се вели во соопштението.

Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија воедно повикува на смиреност и трезвеност при изразувањето револт, предупредувајќи дека евентуалните инциденти ќе остават последици по меѓучовечките односи во државата.

OhridNews