
„На овој начин, уште еднаш категорично им потенциравме на надлежните дека бараме прием и одржување средба на којашто непосредно ќе се разговара за настанатата состојба и надминување на проблемите кои ги засегаат средношколците, а особено матурантите. Нашето главно барање е математиката да не биде задолжителен предмет при полагањето на државната матура за сите ученици, односно матурантите да имаат право на избор на предмети при полагањето на државната матура“, се вели во соопштението од Унијата на средношколци.
Средношклците најавуваат дека утре ќе се одржи втор протесен марш против лошите реформи во образованието, овојпат под маски.
Средношколскиот пленум пред десетина дена организираше протестен марш во Скопје на кој присуствуваа околу три илјади учесници, а протести имаше и во другите градови низ земјата.
OhridNews












