На денешната прес конференција, претседателот на Унијата на жени на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, Славица Јанковска, информира за активностите кои наскоро ќе бидат реализирани како дел од акциониот план на Унијата на жени.
– Во склад со демохристијанската определба на партијата, да бидеме секогаш до народот унијата продолжува со организирање трибини, хуманитарни акции. Сакаме да им дадеме можност на граѓаните, преку директна комуникација со нас да добијат одговор на многу прашања од секојдневниот живот, рече Јанковска.
Во организација на Унијата на жени при ВМРО- ДПМНЕ, на 20- ти март, ќе се одржи Еколошка акција во пресрет на Денот на пролетта, на потегот Грашница- Младост, со почеток во 12 часот. Ќе се започне од хотел Магнус.
Следниот ден, на 21- ви март, во 19 часот во Центарот за култура “Григор Прличев”, ќе се одржи трибина на тема “Квалитетно образование во согласност со современите текови и методи”. Предвачи на трибината ќе бидат проф. Д- р Цветко Андреевски- продекан на Факултетот за туризам и угостителство, проф. Никола Тренески и проф. Јане Цаневски.
Јанковска најави и одржување на трибини на различни теми- младите и дрогата, семејното нсилство, односно теми од сите области на живеењето и проблемите кои ги засегаат граѓаните.