Уникатно беше отварањето на Светскиот шампионат во Бразил. Еве што велат бројките. 

1.За прв пат во историјата на Светските првенства Бразил постигнува автогол кој беше дело на Марсело. Ова е втор автогол на отворањето на Мундијалот, првиот беше дело на Томас Бојд (Шкотска) на мечот 1998 година против Бразил.(2-1).

2.Нејмар постигна два погодоци на дебито на меч од Мундијалите, последен кој го направил тоа е Давид Виља (Шпанија) на мечот против Украина 2006 (4-0). Нејмар е првиот бразилец што постигнал гол од пенал после Роналдињо 2002г против Кина . 

Само два пати во вториот дел биеа бразилците во рамките на голот на Плетикоса. Двата удари завршија во неговата мрежа.

3. За прв пат во настапите на Мундијалите,Хрватска прима 3 гола на еден натпревар. За“коцкестите“ ова беше вкупно 14 примен гол во исто толку натпревари.

5. За Нејмар ова е петти погодок во последните 4 меча за Бразил. Тој стигна до бројката 32 гола по 50 одиграни меча.

Само пет прекршоци направија бразилците во целиот меч.

7. Само 7 контакти (најмалку) со топката имаше “глумецот“ Фред во првиот дел од мечот. Безгрешни 45минути одигра Густаво Лопез кој имаше 100% (35 точни додавања).

 ohridnews