Уништена „зелената училница“ на Галичица која е дел од едукативната патека „Галичица на дланка”, во рамки на пет годишната Стратегија за еколошка едукација на Јавната Установа Национален парк Галичица.

„Зелената училница“ е наменета пред се за еколошка едукација, но и за одмор, релаксација и за уживање во преубавиот поглед кон градот Охрид. И додека ЈУНПГ активно делува во полето на еколошка едукација и до сега успеа да едуцира повеќе од 2000 ученици во Охридскиот регион, постапките на младите генерации и понатаму не оставаат без зборови, реагираат од Установата.

Додаваат дека изминатата година со љубители на планинските спортови и нивнин соработници, ја реализиравме кампањата „Грижата за паркот е заедничка обврска”.

Ги посетивме сите средни училишта во градот Охрид, со надеж дека ваквата слика ќе стане минато. Но, залудно….Оваа слика, за жал е честа во НП Галичица‼️ Зошто постојано си ја уништуваме природата, прашуваат.

„Зелената училница“, додаваат, ќе биде обновена и приспособена повторно за едукативни работилници, а ќе биде обезбедена и со видео надзор, но велат останува отворено прашањето Каде погрешивме за младата генерација вака да и возвраќа на природата.

OhridNews