Од ЈП Охридски комуналец информираат дека изминатиов викенд, од несовесни граѓани биле искршени околу 10 од поставените дрвени конструкции околу новите садници на улицата “Димитар Влахов”.

Од ЈП Комуналец велат дека случајот бил пријавен до СВР-Охрид од каде очекуваат расветлување на вандалскиот чин.

Во рамки на проектот на Локалната самоуправа за реконструкција на дрворедите на улицата “Димитар Влахов” до сега се засадени над 44 садници Лигуструм. Активностите околу реконструкцијата продолжуваат на 16- ти ноември.

OhridNews