Префектот на париската полиција Дидие Лалемент и претставници на Француската фудбалска федерација (ФФФ) се појавија на сослушување пред комисија на Францускиот сенат за катастрофалната организација на настанот, при што е откриено дека снимките од видео надзорот се уништени, јави дописникот на МИА од Париз.

Видеата од надзорните уреди околу „Стад де Франс“ за време на финалето на Лигата на шампионите се избришани бидејќи не биле побарани „во рок од седум дена“, изјави претставник на ФФФ.

Информациите сигурно ќе подгреат нови сомнежи. Ерван Ле Превост, директорот за институционални односи на Француската фудбалска федерација беше сослушан овој четврток во Сенатот за финалето на Лигата на шампионите што се одигра на  28 мај помеѓу Ливерпул и Реал Мардид, објави дека сликите од видео надзорот на стадионот се „уништени“.

Сликите се достапни седум дена. Тие потоа автоматски се уништуваат. Требаше да имаме барање да им ги обезбедиме на различните популации, рече тој. И да додаде: „Бидејќи поминав цел ден во штабот на обезбедувањето, сликите се крајно насилни. – изјавил Ерван Ле Превост

Веста веднаш предизвика реакции на социјалните мрежи. Многу коментари го иронизираат или осудуваат „бришењето на доказите“, други го осудуваат непостапувањето на правдата.

Судијата Ерик Халфен, судија и основач на здружението Антикор реагираше зачудено: „Не гледам што ги спречи да се чуваат сликите дури и ако обвинителството не ги побарало…“.

Гледачи без билети кои се качуваат на портите, поддржувачи и семејства испрскани со солзавец, други жртви на грабежи или напади: мерките за одржување на редот за време на најважниот натпревар на сезоната во Европа предизвикаа жестоките дебати во Франција и Англија, и се бара одговорноста за ова фијаско.

Префектот на париската полиција Дидие Лалемент и претставници на ФФФ беа на сослушување за катастрофалната организација на настанот кој поради нереди и очајна организација доцнеше 36 минути.

OhridNews