Активностите се дел од втората фаза од акцијата за чистење на Охридското Езеро од неексплодирани убојни средства што почна лани. Проектот се реализираше со финансиска поддршка на американската Влада и Меѓународната фондација за заштита од мини „ИТФ“ од Словенија.
Во текот на акцијата на повеќе локации во центарот на градот и во Пештани извадени беа повеќе од 6 тони неексплодирани убојни средства лоцирани со специјални детектори, кои заедно со мамут пумпа за чистење на тињата беа донирани на Дирекцијата за заштита и спасување на Македонија, која ја организираше акцијата за деминирање.
Официјално акцијата завршува на 20-ти април кога ќе биде соопштени резултатите. Во првата фаза од акцијата, минатата година, од Охридското Езеро беа извадени 7.3 тони неексплодирани убојни средства. Се очекува годинава тој број да биде надминат.
фото: Емилио