Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2016 година, звањето магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно 2 021 лице од кои 1 881 или 93.1% се магистри и 140 или 6.9% се специјалисти. Бројот на магистри и специјалисти, во споредба со 2015 година, е намален за 17.2%.
Учеството на жените магистри во вкупниот број на лица кои стекнале научен степен магистер на науки, во 2016 година изнесува 58.9%.
Во 2016 година, најголем број од магистерските трудови, 1 198 или 63.7%, се од областа на општествените науки, 20.9% се од областа на техничко-технолошките науки, а останатите се од областа на хуманистичките, природно-математичките, биотехничките и медицинските науки.
Според анализите, пак, на стручната јавност и стопанството, во Македонија продолжува трендот на произведување на образовни кадри кои не одговараат на пазарот на трудот. Последните анализи говорат дека околу 70% од студентите завршиле хумани и социјални науки, професии за кои најмалку може да се најде работа.
OhridNews