На средбата со управата на универзитетот, амбасадорот истакнал дека постои одлична политичка соработка помеѓу Израел и Република Македонија и изразил желба и уверување дека истото ќе биде продлабочено и на академско ниво.
-Соработката со Израел, како една од водечките сили во областа на информатичките науки и технологии, е од особена важност за Универзитетот за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле” како и за Република Македонија воопшто. На средбата бше прифатено да се овозможи мобилност на академскиот кадар и на студентите, со потпишување на меморандуми за соработка со Државните Универзитети во Израел, истакна Доц. д-р Устијана Речкоска Шикоска, проректор на универзитетот.