Како што информира при неодамнешната посета на Охрид, премерот Никола Груевски, од јуни се очекува да започнат активностите за реконструкција и адаптација на касарната, во која ќе биде сместен универзитетот.
– Доколку активностите се одвиваат според планираното, очекуваме дека во текот на месец јануари или февруари идната година, ќе завршат градежните работи во касарната и универзитетот ќе може да почне со работа во новите простории, рече Груевски.
Универзитетот Свети Апостол Павле започна со работа во септември 2009 година. Наставата засега се одвива во адаптираните и опремени простории во центарот на градот, во објектот на некогашниот Дом на АРМ.